Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.

Изборниот ден го оцени како мирен, со одредени забелешки кои ќе бидат поднеени со ОБСЕ и ДИК. Тој им ја честиташе победата на сите градоначалници кои победија во првиот круг.

Објави дека СДСМ води во уште неколку општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Крушево, Лозово, Росоман.

Дополнително, се осврна и на општините во кои се на второто место – Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, а очекуваат податоци од уште неколку места.

Тој апелира граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг.

Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, рече Филипче, меѓутоа не е лош резултат со оглед на тоа што во некои од општините имаме зголемување на бројот на гласови.

Текстот СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош е превземен од МАКФАКС.