Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.

На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.

Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.

Текстот ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем е превземен од МАКФАКС.