Според израелските медиуми, објавени од Ројтерс, размената требало да започне во 8 часот наутро по израелско време во коридорот Нецарим и да продолжи во 10 часот наутро во Кан Јунис, во Појасот Газа.

На некои семејства им е кажано да се упатат кон базата Реим, на границата со Газа, за да го чекаат ослободувањето на нивните најблиски, објави телевизијата Канал 12.

Според истиот извор, ослободувањето ќе се одвива во две фази:

Првата фаза ќе започне во 6 часот наутро, кога ќе бидат ослободени дел од заложниците од централниот Појас Газа. Втората фаза е закажана за 8 часот наутро, кога ќе бидат ослободени преостанатите заложници кои се уште се живи, од Кан Јунис и урбаните бегалски кампови во централна Газа.

фото: принтскрин

Текстот Хамас денеска пушта заложници, објавен е распоредот за нивното ослободување е превземен од МАКФАКС.