До­кол­ку во те­кот на де­нот се чув­ству­ва­те лошо, при­чи­на за тоа мо­же да би­дат и не­кол­ку­те ва­ши ут­рин­ски на­вики, кои ва­жат за ваш мал ри­туал.

За­тоа, до­кол­ку има­те здра­ви ут­рин­ски на­вики, тоа по ав­то­ма­ти­зам зна­чи де­ка ва­ши­от ден ќе би­де ква­ли­те­тен и со по­мал­ку стрес­ни си­ту­а­ции.

Постоја­но го од­ло­жу­ва­те алармот

Иа­ко мо­же­би се­ко­ја прес­па­на се­кун­да ви зна­чи многу, се­пак стру­ч­ња­ци­те тврдат де­ка од­ло­жу­ва­ње­то на алармот е мно­гу ло­ша идеја. Тоа е та­ка за­тоа што ор­га­низ­мот по­стоја­но го ос­та­ва­те да би­де под стрес, а ка­ко по­след­ица на тоа е и ус­пи­ва­ње­то кое ќе пре­диз­ви­ка доц­не­ње на мес­то­то ка­де што сте са­ка­ле да ста­сате. Са­мо­то тоа ви пре­диз­ви­ку­ва нов стрес, кој ло­шо вли­јае врз здрав­је­то на ва­ше­то тело, ги ош­те­ту­ва ви­тал­ни­те ор­га­ни и це­лос­но ви го униш­ту­ва рас­по­ло­же­ни­ето.

Вед­наш ва­ри­те кафе

До­кол­ку се гри­жи­те за сво­е­то здравје, ле­ка­ри­те со­ве­ту­ва­ат во ни­кој слу­чај де­нот да не го за­поч­ну­ва­те со ча­ша ут­рин­ско кафе, кое е ја­ко и без ше­ќер. Тоа е та­ка за­тоа што во тој пе­ри­од од де­нот те­ло­то про­из­ве­ду­ва го­ле­ми ко­ли­чес­тва на хормо­нот кор­ти­зол, кој има за цел да ни обез­бе­ди енер­ги­ја за да фун­кци­о­ни­ра­ме нор­мал­но во те­кот на де­нот. За­тоа, до­кол­ку ра­но на­ут­ро вед­наш от­ка­ко ќе се раз­бу­дите, вне­су­ва­те ко­феин, тоа ќе про­из­ве­де по­ма­ли ко­ли­чес­тва од овој хормон.

По­ја­до­кот ре­дов­но го прес­кок­ну­вате

Во ни­кој слу­чај, кол­ку и да бр­зате и да има­те об­врски, не е препо­рач­ли­во од до­ма да из­ле­гу­ва­те гладни. До­кол­ку не сте во мож­ност ра­но на­ут­ро да си под­гот­ви­те не­кој об­рок, то­гаш до­вол­но е да изе­де­те ед­на ба­на­на или на ед­но пар­че леб да на­мач­ка­те неш­то. На тој на­чин, са­мо за не­кол­ку ми­нути, вие на ва­ше­то те­ло ќе му обез­бе­ди­те до­вол­но ко­ли­чес­тво енер­ги­ја за да ги ре­а­ли­зи­ра мно­гу по­лес­но си­те зац­р­та­ни пла­нови.