Брод со неколку лица се преврте синоќа во Дунав кај Бачка Паланка, во соседна Србија.
Како што јавуваат спрските медиуми, во несреќата има жртви и повредени.
На бродот имало 11 лица, 10 кинески државјани и еден српски државјанин, за кој се верува дека го управувал бродот. Според неофицијални информации, станува збор за обид за нелегално преминување на државната граница.
Досега се пронајдени осум лица – шест кинески државјани беа спасени од хрватски спасувачи, додека спасувачите од Србија пронајдоа еден преживеан и едно тело.
Потрагата по останатите исчезнати лица сè уште е во тек. Повеќе информации ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи.
Текстот Трагедија во Србија: се преврте чамец во Дунав, има жртви е превземен од МАКФАКС.