Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно имаше проблем со седењето, пишува Нова.рс.

На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како влегува во просторијата каде што се одржува самитот и каде што сите присутни се сместени, освен тој. Наместо да седне на своето место, Вучиќ разгледуваше наоколу како да не му е јасно каде дошол или каде му е местото, или поточно, каде треба да седне.

Додека збунето разгледуваше низ просторијата, барајќи некој да му помогне, но бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне на туѓо столче. Сепак, веднаш му беше кажано дека не може да седи таму бидејќи седиштето е зафатено.

Конечно, некој му донесе столче, а претседателот Вучиќ успеа да скрши дел од столчето, во обидот да седне.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Вучиќ збунето го бараше своето место на самитот во Данска, успеа да скрши стол е превземен од МАКФАКС.