Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице е превземен од МАКФАКС.