Европа е во најтешката ситуација од Втората светска војна, изјави денес данската премиерка Мете Фредриксен, домаќинка на неформалниот самит на Европската унија.
„Кога ја гледам Европа денес, мислам дека поминуваме низ најтешката и најопасната ситуација од крајот на Втората светска војна“, изјави Фредриксен пред почетокот на состанокот во Копенхаген.
Таа додаде дека против Европа се води хибридна војна. „Постои само една земја подготвена да ни се закани, а тоа е Русија, па затоа ни е потребен силен одговор“, додаде таа.
Главните теми на самитот се безбедноста и одбраната, вклучувајќи ја одбраната од беспилотни летала, помошта за Украина и миграцијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Русија ја тестира ЕУ и сака да „сее поделба и страв во нашите општества“. „Ние нема да го дозволиме тоа“, нагласи таа.
Францускиот претседател Емануел Макрон не зборува за војна, туку за конфликт со Русија. „Во конфликт сме со Русија, која е агресивна во информатичката област веќе неколку години, вклучително и за време на изборите, и која ги засилува кибер нападите“, рече Макрон.
Во однос на зајакнувањето на одбранбените капацитети, ЕУ има четири приоритети: вселенска одбрана, зајакнување на источниот крило, ракетна одбрана и заштита од беспилотни летала.
Ова ќе биде тема и на редовниот самит на 23 октомври во Брисел, а пред тоа се очекува Европската комисија да предложи распоред за спроведување на приоритетите.
Фото: принтскрин
Текстот Фон дер Лајен: Русија ја тестира ЕУ и сака да сее поделба и страв во нашите општества е превземен од МАКФАКС.