Една од омилените светски модели, Роузи Хантингтон-Вајтли, по враќањето од долгата пауза, се чини дека нема слободен ден. Рекламните кампањи во кои се појавува стануваат сè почести, а луѓето продолжуваат да се воодушевуваат од нејзиниот изглед.

Прекрасната Роузи ужива во својот семеен живот во Велика Британија. Таа и нејзиниот партнер Џејсон Статам решија да се иселат од Холивуд за да им овозможат на своите деца мирно детство.

Сепак, тоа не ја спречува да биде главна тема во медиумите и во Холивуд.

Роузи повторно позираше во чипкана долна облека и претстави нова колекција на еден бренд, но исто така ја покажа својата прекрасна фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

Таа има 38 години и две деца, но тоа не се гледа на нејзиното тело.

Под објавата имаше коментари во кои луѓето го фалеа нејзиниот изглед, но и дисциплината што секако е неопходна за нешто такво.

„Совршена“, „Неверојатна си“, „Сигурно вежбаш напорно“, „Ова е пример како тренингот може да ти помогне“, беа некои од коментарите.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Не излегува од тантела: уште една реклама со сексапилната русокоса која не ве остава да спиете е превземен од МАКФАКС.