Поп – ѕвездата Лејди Гага сподели една потресна исповед за списанието „People“, наведувајќи дека за малку ќе ја изгубела близок член од нејзиното семејството поради коронавирусот.
Во текот на изминатата година, сè додека траеше пандемијата на коронавирусот, поп – ѕвездата Лејди Гага беше особено гласна во изразувањето на поддршката за сите оние кои беа во тешка ситуација поради коронавирусот. Таа посебен акцент стави на медицинските работници, изјавувајќи дека тие се хероите на денешницата кои заслужуваат поддршка од целиот свет во овие кризни времиња.
Сепак, малкумина знаеја дека пандемијата на коронавирусот го погодило и семејството на Гага.
Во новото интервју за списанието „People“, Гага била прилично емотивна, изјавувајќи дека еден дел од нејзиното блиско семејство бил заразен со коронавирусот и дека за малку ќе изгубеле еден член.
„Не разговарав со оваа личност за тоа дали можам да споделам со јавноста и да кажам кој е членот на моето семејство кој за малку ќе ја изгубеше битката со коронавирусот. Но, оваа тема силно ме погоди. Еден дел од моето блиско семејство беше многу, многу болно за време на пандемијата. Од сите, еден член на нашето потесно семејство беше во болница скоро два месеци. Тие се бореа за нејзиниот живот“, изјавила Гага низ солзи.
„Честопати и самата одев во болница за да се осигурам дека сè е во ред. Беше многу стресно“, изјавила таа.
Таа вели дека дури медицинските работници ја тешеле во тие тешки моменти за неа и за нејзините блиски.
„Никогаш не сум видела таква храброст и пожртвуваност. „Сите тие луѓе, лекари, медицински работници, сите крваво се бореа за животот на секоја индивидуа и го заслужуваат секој можен аплауз“, додала поп – ѕвездата.
„Ве уверувам дека никој не можеше да ме препознае под целата заштитна опрема што ја носев. А сепак, тие се грижеа и за мене – постојано ме прашуваа дали сум добро и како е моето семејство“, изјавила Гага.