Според ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски е јавно обележан од САД како лице вклучено во криминал и корупција и затоа нема легитимитет да ја води Општина Карпош. Од партијата потсетуваат дека Стејт Департментот во своето соопштение прецизно наведува оти Јакимовски, во својство на градоначалник, ја злоупотребувал функцијата за личен бенефит, местел тендери и се мешал во урбанизмот и јавните набавки за интерес на себе и на неговите соработници, што го прави симбол на корупција и закана по демократијата и владеењето на правото.

„Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција.

Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери  како лице вклучено во криминални активности и корупција.

Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои:

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.

САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит.

Стефчо Јакимовски местел тендери  и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија.

Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош.

Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.