Откако веста дека Кијану Ривс и неговата долгогодишна партнерка Александра Грант наводно се венчале во тајност се прошири со огромна брзина, а потоа ПР-от на актерот проговори и објасни дека тоа не се случило и дека е само гласина, понежната половина на холивудскиот заводник и еден од омилените актери на денешницата „се вмеша“.

Александра Грант не можеше да одолее да не ги икоментира гласините дека се омажила за Кијану по седум години врска, а на тие тврдења директно одговори преку социјалните мрежи.

„Ова е вистинска фотографија. Не е објава за свршувачка или свадба… Едноставно, бакнеж! (Иако можеби момент порано или подоцна… со оглед на глупавите изрази на нашите лица!)“, изјави Александра.

„Го споделувам ова овде за да им се заблагодарам на сите за честитките за нашата свадба. Освен што не се венчавме. Добрите вести се многу потребни овие денови, но ова е сепак лажна вест, затоа бидете внимателни. Па еве ви вистинска среќа“, рече партнерката на Кијану Ривс.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) „Ви благодарам на сите за честитките“: партнерката на Кијану Ривс проговори за венчавката е превземен од МАКФАКС.