Полицијата уапси скопјанка која ја нападнала својата мајка во семејниот дом, а судот ѝ одреди притвор.
„На 25.09.2025 Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда“, соопшти МВР.
Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена ѝ е мерка притвор во траење од осум дена.
Текстот Уапсена скопјанка која ја нападнала својата мајка, одреден ѝ е притвор е превземен од МАКФАКС.