Помладиот брат на холивудската икона Силвестер Сталоне, 70-годишниот Френк Сталоне, вели дека никогаш не бил љубоморен на славата и успехот на ѕвездата од филмовите „Роки“, а низ годините поминале низ многу борби и ривалства. Тој открива дека секогаш чувствувал фрустрации што никој не ја сфаќа сериозно неговата работа.
Во интервју за австралискиот „Тудеј екстра“, Френк се пошегувал и кажал дека борбите се вообичаени за браќата, и дека работата во шоубизнисот само долеала масло на оганот.
– Двајцата сме во шоубизнисот и двајцата имаме свое его, но луѓето тоа погрешно го сфаќаа, дека јас сум љубоморен на него, што воопшто не е точно – вели Франк кој ситуацијата ја споредува со двајца спортисти во еден ист тим.
За себе вели дека никогаш не се чувствувал дека живее во сенка на брат му, но чувствувал фрустрации што некои луѓе не го сфаќаат сериозно.
– Едноставно ме фрустираше тоа што ме проценуваа и ми судеа, без кој било да ги ги погледне моите дела. Искрено никогаш не верував дека сум во чија било сенка – вели Френк и додава дека ако тоа било вистина, тој одамна би се откажал од својата кариера.
Силвестер ја напиша и одглуми главната улога во хит филмот „Роки“ од 1976 година, кој освои Оскар за најдобар филм и го лансираше актерот во светот на славните. Помладиот Сталоне, успешен актер и музичар, претходно призна дека успехот преку ноќ на неговиот брат со филмот за боксерот со добро срце, кој од борбата во клубови доаѓа до светска слава, за него донесло чувство на фрустрација.
– Во Њу Џерси живеев со својот бенд во стан кој го плаќавме 80 долари месечно, а тој преку ноќ стана светски феномен, но во оваа работа едноставно нема правила – вели Френк и додава дека е многу горд на успесите на неговиот брат.
Сепак тој открива дека успехот на Силвестер имал и лоши страни кога е во прашање неговата кариера.
– Го обожавам филмот, но одеднаш почна да се случува кога не можат него да го викнат во телевизиска емисија, да ме поканат мене со бендот и потоа да ми поставуаат прашања како на пример „Како е да се биде брат на Роки?“, „Дали како мали спиевте во кревети на кат?“ и слично – рече Френк.
Најголемиот музички хит на Френк е песната „Far Form Over“ која беше дел од филмот „Да се остане жив“ од 1983 година, а е продолжение на филмот „Треска во саботната вечер“ . Сценариото го напиша Силвестер кој исто така го режираше филмот, а главната улога ја играше Џон Траволта.
Песните на Френк се најдоа во многу филмови од неговиот постар брат како „Роки“, „Рамбо 2“, а во поново време и во серијата „Американска хорор приказна“ и филмот „Џон Вик 3“. Освен тоа, актерската биографија на Френк е прилично богата со листата на 75 филмски и телевизиски улоги.