Според ВМРО-ДПМНЕ, денешните реакции од Здружението на судии се, како што велат, крајно загрижувачки.
„Ја видовме реакцијата на судиите и обвинителите.
Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати.
Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”.
Чест на исклучоците во таа професија кои се уште се повеќе од расипаните зрна во амбарот, но овие реакции од денес се запрепастувачки и крајно загрижувачки и ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити и криминалци и корумпирани политичари и мафијаши тогаш имаме еден предлог до нив.
Нека си одат веднаш“.
На нивно место, додаваат од владејачката партија, ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да воведат ред, дури и за плати од 1500 до 2000 евра какви што примаат судиите денес.
Вакво, според нив, понижувачко, нелогично и промашено соопштение, не може како што велат, дури ни СДС да смисли.
„Секако повторуваме чест на многуте исклучоци во таа професија кои се срамат од своите колеги и кои си ја сакаат државата“.
Текстот Ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити, имаме еден предлог до нив, одете си веднаш, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.