Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница.

Филипче кој како министер за здравство не обезбеди кислород во болниците и кој ги остави граѓаните без заштита во најтешките моменти, денес држи лекции за одговорност и грижа за здравјето.

Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време за сите здравствени, еколошки и национални порази.

Каде беше Филипче зошто не одговараше и не побара одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово?

За разлика од минатото денес институциите реагираат одговорно, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот во Трубарево.

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време е превземен од МАКФАКС.