Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во Копенхаген во октомври, изјави канцеларот Фридрих Мерц за време на посетата на Мадрид.

Зборувајќи заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез, Мерц рече дека акциите на Израел во Газа не се пропорционални на неговите наведени цели, но рече дека Германија не го дели ставот дека акциите претставуваат геноцид.

Тој додаде дека признавањето на палестинската државност од страна на Германија во моментов не е предмет на дискусија.

Коментарите на Мерц покажуваат дека Германија е сè повеќе спремна да го критикува Израел, но сепак се двоуми да преземе казнени мерки против земја за која нејзината влада чувствува посебна одговорност.

Европската комисија во среда предложи суспендирање на трговскиот договор со Израел, иако мерката во моментов нема доволна поддршка меѓу земјите од ЕУ за да биде усвоена, објави Ројтерс.

„Во наредните денови ќе го објавиме конечното мислење на германската влада за овие прашања, на кои сега треба да се одговори на европско ниво“, рече Мерц.

Германија верува дека има посебна обврска кон Израел поради својата одговорност за Холокаустот на европските Евреи.

фото: принтскрин

Текстот Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел е превземен од МАКФАКС.