Израелската војска започна со проширување на копнените операции во градот Газа како дел од операцијата „Кочиите на Гидеон“, објави портпаролот на ИДФ.

„Во текот на изминатиот ден, активностите на ИДФ во градот Газа се одвиваа според оперативниот план и се очекува да се прошират во согласност со моменталната безбедносна проценка. Целта е да се постигнат воените цели во Газа и да се консолидираат придобивките постигнати за време на борбите“, се вели во објавата на Икс.

Тој, исто така, објави видео на кое се гледа проширувањето на областа што ИДФ ја зазеде во Појасот Газа.

Текстот (Видео) Објавена снимка како Израел го презема Појасот Газа е превземен од МАКФАКС.