Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски на својот Твитер налог напиша дека нема повеќе да има расипништво и дека или ќе имаме чесни функционери или нема да бидат на таа позиција.
Нема веќе расипништво, ќе им „дишам во врат“ на сите , во секоја институција и секој директор, или ќе имаме чесни функционери или нема да бидат на позиција.
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) February 4, 2021
– Нема веќе расипништво, ќе им „дишам во врат“ на сите , во секоја институција и секој директор, или ќе имаме чесни функционери или нема да бидат на позиција, напиша Николовски.
Инаку, за прв пат во Македонија имаме вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот. Николовски пред неколку дена најави дека ќе бидат ограничени употребата на службените возила, но и службените картички на функцинерите. Воедно откри дека имало над 3000 застарени предмети во судовите, што како што вели е недозволиво.