О2 иницијатива реагираше по повод пожарот што денеска избувна во скопското село Трубарево, нагласувајќи дека местоположбата и условите каде што се складира отпадот се недозволиви и опасни.

Од иницијативата алармираат дека чадот од пожарот се шири над Скопје и дека станува збор за складиште со електронски и електричен отпад, сместено во штала во населена улица:

„Како во Кочани со дискотеката! И тоа во населена улица! Добро бе, има ли некој нормален во државава?! Има ли некој што спроведува стандарди и почитува правилници?!“, стои во реакцијата.

Тие додаваат дека жителите на Трубарево со години се жалат дека улицата им е претворена во депонија, откако носачи на отпад од различни делови на земјата го оставаат таму, загадувајќи ја средината.

Во јавноста првично беше објавено дека пожарот избувнал во капацитетите на фирмата „Нула Отпад“, но подоцна стана јасно горат објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.

Текстот „Како во Кочани!“ – О2 алармира за складирање отпад во штала во населена улица во Трубарево е превземен од МАКФАКС.