Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсен 75-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдени оружје и муниција е превземен од МАКФАКС.