Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓорѓи Галетановски од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е. К. (30) од Скопје и „форд“, сопственост на А. М. (47) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.