Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува необична ситуација во која полициски службеници сами се најдоа погодени од солзавецот што го фрлиле кон граѓаните.
И покрај тоа што беа во целосна опрема, со маски и шлемови, не успеале да се заштитат од чадот кој ветерот го вратил кон нив.
Во еден момент, неколкумина полицајци ги симнале маските и клекнале на земја, очигледно со потешкотии да продолжат да издржат во облакот од солзавец.
Според коментарите на очевидци и граѓани кои ја следеле ситуацијата, станува збор за иронична сцена во која природата им го „вратила ударот“ на службениците, поради што и видеото брзо се прошири на интернет и предизвика бурни реакции.
Plaćenici gubarski se od sopstvenog suzavca guše, čak su neki skinuli opremu i otišli. ‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/LmEqDPWbXD
— o0o0o0o (@KoronVirus) September 5, 2025
Текстот (Видео) Српските полицајците сакаа да ги растераат граѓаните, но самите паднаа на колена е превземен од МАКФАКС.