„Гоце Делчев останува во пантеонот на заедничката историја на Република Бугарија и Република Северна Македонија на европскиот пат“, изјави во својот говор пред вечното почивалиште на револуционерот и национален херој на Бугарија и Р С Македонија Гоце Делчев, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.
Амбасадорот Ангелов положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, во согласност со сите безбедносни мерки за време на пандемијата. Тој ја цитираше желбата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, следната година Република Бугарија заедно со своите пријатели и браќа од Република Северна Македонија да ја прослави 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, обединети и заедно на патот кон европската интеграција.