Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, побара од Јавното обвинителство итна истрага за случајот со следење и прислушкување на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени.
„ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите“, изјави Петрушевски.
Тој праша дали обвинителот Љупчо Коцевски молчи затоа што бил задолжен за следење на издавањето на ПИ мерките и дали знаел за случајот.
„СДС ги вплетка службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт. Пет години следеле се што мислеле дека го загрозува нивниот опстанок. Одговорност за случајот мора да има. ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат, туку да почнат да даваат одговори“, додаде Петрушевски.
Текстот (Видео) Петрушевски: Обвинителството да не молчи, итна истрага за прислушкувањето на Мицкоски, новинарите и бизнисмените е превземен од МАКФАКС.