Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.

Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе испрати европски трупи во Украина, идеја што исто така ја отфрли Германија.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“ во неделата, фон дер Лајен рече дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што би биле поддржани и од САД.

„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.

фото: принтскрин

Текстот Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа е превземен од МАКФАКС.