Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на социјалните мрежи напиша дека следната година се надева дека, како што вели, со браќата од Северна Македонија ќе ја прослави 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тој ова го напиша по повод чествувањето од 149-годишнината од раѓањето на револуционерот.

-Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, војвода, деец на македоно-одринското револуционерно ослободително движење, еден од највидните наши заеднички историски херои. Се надевам ќе имаме мудрост в година заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција, напиша Борисов на социјалните мрежи.


Инаку, токму Гоце Делчев е историската личност околу која се спори во изминатиот период во мешовитата историско-образовна комисија помеѓу Македонија и Бугарија.