Во текот на вчерашниот ден се одржал состанок на специјалниот претставник на земјава за решавање на спорот со Бугарија, Владо Бучковски, со амбасадорот на Бугарија во Македонија, потоа директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, на кој било договорено од 1-ви март да почне реемитување на програмата на Бугарската национална телевизија преку најголемите оператори.
Ова го соопшти Костадин Филипов од БНТ на социјалната мрежа Фејсбук.
Претходно на дел од операторите веќе се реемитуваше програмата на БНТ на територија на РСМ.
Договорено е и МРТВ да се реемитува на територија на Бугарија, како и државните новински агенции да имаат свои дописници.