Во загрепската населба Кајзерица, вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик.
Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за Дневник.хр дека сопственикот е пронајден.
„Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред да ја најдеме сопственичката, контактирав со Зоолошката градина во Загреб. Од Зоолошката градина ни кажаа дека можеме да им ја доставиме змијата, но бидејќи сопственичката во меѓувреме нè контактираше, проблемот е решен“, рече тој.
Текстот (Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб е превземен од МАКФАКС.