Владата на Р. Бугарија ја одобри Методологијата и индикативната распределба на средствата од Европскиот фонд за регионален развој во рамките на програмите за транснационална и прекугранична соработка за Бугарија за програмскиот период 2021 – 2027 година, објави прес-центарот на бугарската Влада.
Се очекува Бугарија да добие 133,6 милиони евра за финансирање на програмите за територијална соработка, во кои ќе учествува за периодот 2021-2027 година.Од нив за билатералните програми на Бугарија со Романија, Грција, Србија, Република Северна Македонија и Турција, како и кон програмата на Црноморскиот слив, се насочени 111,2 милиони евра, а кон буџетот на транснационалните програми Дунав 2021-2027 и Интеррег евро-медитеранската област 2021-2027 се предвидени 22,4 милиони евра.
Демографските и територијалните индикатори, како и економските и социјалните предизвици со кои се соочуваат регионите се земени предвид при утврдувањето на буџетите, приоритет се дава на помалку развиените области.