Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Ресен-Битола, кај местото викано „Слечиште“.
Според соопштението на МВР, судирот бил помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П.Н. од Охрид, и патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишниот П.К. од Германија.
„Возачот на „Мерцедесот“ П.К. го загуби животот на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Возачот на „Опелот“, П.Н., и неговиот сопатник Д.С. (19) од село Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола. Таму кај П.Н. лекарот констатирал смрт, додека кај Д.С. биле забележани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
На местото на несреќата извршен е увид.
Текстот МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот е 20-годишен е превземен од МАКФАКС.