Почна маршот за поддршка на жртвите од „Јавна соба“ отворена на „Телеграм“, каде се споделуваа експлицитни фотографии од жени, девојки и малолетнички.
Организатор е Платформата за родова еднаквост. Се маршира од Министерство за внатрешни работи до Јавното обвинителство.
Нивните барања се Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“ кој претставува кривично дело, во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.