Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи а новинарско прашање при поднесувањето на иницијатива за собирање на потписи против Законто за попис, порача дека наскоро јавноста ќе биде изненадена. Ова го кажа по повод најавите на потпретседателот на партијата Александар Николовски, кој рече дека им се потребни уште тројца пратеници за да ВМРО-ДПМНЕ има парламентарно мнозинство.

Бидете трпеливи и се надевам дека многу скоро ќе бидете изненадени пријатно, или непријатно. Или ќе има консензус или ќе се слуша тоа што го кажува опозицијата или ќе се случи во државата да имаме ваква ситуација, или се разбира предвремени парламентарни избори или конечно на крај, четвртата опција, ново постабилно парламентарно мнозинство, изјави Мицкоски.