Пандемијата на коронавирусот дава шанса за нов поредок во светската политика, сметаат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, како и други светски политичари.

– Светот ќе биде поинаков по пандемијата – потенцираа Меркел и Макрон во текстот за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

– Advertisement –

Актуелната криза, според нив, дава можност да се врати консензусот за меѓународниот поредок преку ефективна соработка, солидарност и координација, како што додаваат, поредок што ќе се потпира на мултилатерализам и владеење на правото.

Покрај Меркел и Макрон, текстот го потпишаа и генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

– Наместо да ги користиме културата и вредностите едни против други, ние мора да градиме повеќе интегративен мултилатерализам. Притоа, ние мора да обрнеме внимание на сите наши разлики, како и на нашите заеднички вредности кои се дел од Конвенцијата за човекови права – подвлекуваат светските претставници.