Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија.

„Вечерва малку порано го напуштив Министерството за внатрешни работи, дојдов да ги посетам моите пријатели, министри и борци, луѓето што ја штитат Србија од оние што ја уништуваат секоја вечер. Само сакам да им кажам на луѓето дека ќе ги подигнеме и обновиме просториите на нашите обвинителства, судови и партиски простории. Ќе успееме да го направиме сето ова заедно со народот. Од сите лоши работи што ова ги носи во нашата земја, има едно добро: сите маски паднаа. Луѓето гледаат сè, а нивната нервоза се зголемува, хистеријата се зголемува, немаат што повеќе да понудат. Доаѓа времето на одговорност. Сите оние што палеа, ќе бидат казнети за своите злосторства. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка“, порача Вучиќ.

Текстот (Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците е превземен од МАКФАКС.