Министерството за внатрешни работи реагира со демант по објавите во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчеране дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Напротив, велат од МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.

„Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола“, велат од МВР.

Апелираат да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.

Текстот МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани е превземен од МАКФАКС.