СОСТОЈКИ:
– 1 кг свинско филе
– 10-тина парчиња тенко сечена сланина
– црвен пипер
– 3 лажици соја сос
– сол
– 2-3 лажици масло + за компирот
– 1 кг компир

ПОДГОТОВКА
измешајте го соја сосот со зачините и маслото и со ова истријте го филето. Но не претерувате со солта, затоа што соја сосот е солен. Потоа месото густо покријте го со парчињата сланина (ако ви се малку 10 парчиња додадете уште). Печете околу еден час на 150 степени. Компирите исчистете ги, исечете на поситни парчиња зачинете со сол и црн пипер, попрскајте со масло, додајте ги во рерната и печете 30-40 минути. Ако е потребно во тек на печењето додајте малку вода во тепсијата. Послужете го сечено на парчиња, со компирот и со варен зеленчук.