Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, соопшти МВР.
Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили.
Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, бил приведен 41-годишен жител на Средно Егри со 1,68 промили, откако бил запрен во „мерцедес“ со битолски регистарски таблиички.
„По целосно документирање на случаите, против тројцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Текстот За една ноќ приведени тројца возачи поради возење во алкохолизирана состојба е превземен од МАКФАКС.