Преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека за таа цел се превидени повеќе од 40 милиони денари, одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична енергија.
Мицкоски нагласи дека Македонија има најниска цена на електричната енергија, што не е случај со државите од соседството кои што имаат зголемување на цената на струја од 15, 20 па и 30 проценти.
„Но, она кое што исто така можам да го кажам во многу период на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада 14 месеци, ние немаме покачување на електричната енергија за домаќинствата што не е случај во околината.
Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена, 15,20 па во некои држави од соседството и 30 проценти. Така што и според Евростат и според сите параметри ние сме држава во Европа која што има најниска цена на струја за или една од двете, трите најниски цени за електрична енергија за домаќинствата.“, посочи премиерот Мицкоски.
Текстот Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани е превземен од МАКФАКС.