Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино.

Повеќе информации се очекуваат подоцна во текот на денот.

Претходно денеска Ангелов кажа дека нема активни пожари. Тој информираше и дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада./Макфакс

Текстот (Видео) Нов пожар избувна кај тетовско Желино е превземен од МАКФАКС.