Повиците за ветинг од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за целиот 33-годишен период на плурализам се без поддршка од Владата. Премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека Владата има поважни работи

„Што се однесува до ветингот, со таа тема веќе е заморена и јавноста. Ветинг на судии, ветинг на не знам што, ветинг на ДУИ, ветинг на ветинг и така натаму, мислам дека имаме многу поважни работи да решаваме, проблеми кои ги остави ДУИ отколку да се занимаваме со некои измислени теми“, рече премиерот денес при посетата на обновената Клиника за уво, нос и грло.

ДУИ смета дека не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, кој ќе донесе транспарентност, отчетност и одговорност на сите нивоа на власта. Од партијата денес обвинија дека ветингот не го сакаат тие што донираат јавни имоти, прифаќаат сомнителни српски донации и градат дивоградби.

Текстот Мицкоски за ветингот: Јавноста е веќе заморена од таа тема, има многу поважни проблеми за решавање што ни ги остави ДУИ е превземен од МАКФАКС.