Меѓународна помош ќе пристигне во земјава да помогне во справување со пожарите. Помошта ќе дојде од Чешка и од Словенија.

Чешка испраќа хеликоптер Блек Хок со седумчлен екипаж. Се очекува да пристигнат попладнево.

Утре, пак, во Берово ќе пристигне тим од Словенија составен од 61 пожарникар со 18 возила.

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, три се под контрола, а седумнаесет се изгаснати.

Текстот Хеликоптер од Чешка и 61 пожарникар од Словенија ќе помагаат во гаснење на пожарите е превземен од МАКФАКС.