Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличовски беше гостин утрово во Студио 10 на Телевизија 24 каде порача дека и без британскиот сој на коронавирусот можно е да имаме зголемување на бројот на заразени. Причина за тоа, како што вели Петличовски е тоа што сега сме повеќе олабавени.
-Ќе има и уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на движењето на епидемијата која има свој предвидлив тек. Ништо спектакуларно нема со откривањето на човек пациент кој бил инфициран со британскиот сој, вели Петличковски.
Тој додава дека овој вирус е со пониска стапка на мутации од вирусот на грип.