Том Круз (63), холивудски актер и ветеран кој важи за икона поради неговата долготрајна посветеност на шоу-бизнисот, е познат по тоа што сам ги изведува опасните акциски сцени во многу научнофантастични и акциони филмови. Но, она што многумина не го знаат е неговото вистинско име и причината зошто го променил.
Неговите родители, таткото Томас Круз Мапотер III, електроинженер, и мајката Мери Ли Пфајфер, наставничка за специјално образование, го добиле синот во 1962 година. Семејството живеело во речиси сиромаштија и под строго католичко воспитување. Кога имал 18 години, Том решил да ја остави минатото зад себе и да ја започне својата актерска кариера – одлука што го катапултирала до врвот на светската слава и богатство.
Како дел од неговото преселување во Њујорк и започнување на нов живот, тој се откажал од името што го добил при раѓање – Томас Круз Мапотер IV. Многу обожаватели биле изненадени кога го дознале тоа, а некои дури коментирале дека неговото вистинско име „звучело како од кралско потекло“, додека други сметале дека звучи „непрактично“ или „необично“.
Причината за промената не била само да добие име со холивудски призвук, туку и да се дистанцира од својот татко, кого го опишал како насилен човек, „кукавица“ и „создавач на хаос“. Во интервју за магазинот „Парајд“ во 2006 година, Круз рекол:
„Мојот татко беше личност што ќе те удри ако нешто не е како што сака. Тоа беше голема лекција за мене – прво ќе те опушти, ќе те натера да се чувствуваш безбедно, а потоа – бум! Сфатив дека нешто не е во ред. Не му верувај. Биди на штрек.“
Неговата мајка се развела од татко му кога Том имал 12 години, а таа починала од рак во 1984 година. Подоцна во животот, Круз се сретнал со својот татко пред неговата смрт. За тој момент вели:
„Кога го видов во болка, помислив: ‘Вау, колку осамен живот.’ Имаше едвај четириесет и нешто години. Беше тажно.“
Некои од роднините на Круз сè уште го носат презимето Мапотер – меѓу нив и неговиот братучед Вилијам Мапотер, исто така актер, познат по улогите во серијата „Лост“ и филмот „Зодиак“.
Текстот Вистинското име на Том Круз и болното минато што го оставил зад себе е превземен од МАКФАКС.