Бијонсе го прослави крајот на својата рекордна турнеја „Каубој Картер“ со многу посебно обединување со своите колешки од бендот „Дестинис чајлд“. Таа ја спушти завесата од турнејата на спектакуларен начин кога бендот повторно се обедини за серија хитови.
Поп-ѕвездата го одржа својот последен концерт на стадионот „Алегиант“ во Лас Вегас, а ѝ се придружија Кели Роуланд и Мишел Вилијамс.
Последниот пат кога триото настапи заедно беше во 2018 година кога Кели и Мишел се појавија на концертот на Бијонсе на Коачела.
Текстот Бијонсе, по седум години, го обедини „Дестинис чајлд“ е превземен од МАКФАКС.