Еве 6 правила што бремените жени треба да ги почитуваат во текот на летото, за полесно да ги издржат високите температури.
1. Крем за сончање
О, да, и тоа е толку важно! За време на бременоста, вашата кожа станува уште почувствителна на сончевите зраци, затоа бидете внимателни кога сте надвор на сонце и не заборавајте да нанесете крема за сончање.
Најдобро е да изберете таков со SPF од 30 и по можност таков без оксибензон. Дури и тие зраци кога не сте директно на сонце можат да претставуваат закана.
2. Спреј против комарци
Секогаш осигурајте се дека имате спреј во вашата чанта за да се заштитите себеси и вашето бебе од потенцијални болести ако ве касне комарец.
За секојдневно движење, изберете ги послабите, но ако планирате да престојувате покрај езеро или во шума каде што присуството на комарци е поголемо, тогаш изберете ги оние со малку посилни репеленти.
3. Рачен вентилатор
На бремените жени секогаш им е пожешко отколку на другите во текот на летото, што доведува до нервоза и стрес. За да го спречите ова, набавете рачен вентилатор. Не се скапи, а достапни се и во некои поевтини продавници.
4. Шапка
Носењето шапка е уште еден начин да ја заштитите кожата од штетното сонце. Освен што ве штити вас, таа може да биде и сладок моден детаљ, затоа обидете се да изберете една во светли бои.
5. Шише за вода
Не треба да нагласуваме зошто е важно да се грижиме повеќе за хидратацијата во периодот од годината кога потењето е зголемено. Најдобро е да купите шише за вода, а не пластично, кое секогаш можете да го носите со себе.
6. Стегачи за коса
Секогаш носете неколку стегачи за коса или шноли во вашата чанта. Тие не зафаќаат многу простор и можат брзо да ви помогнат да го разладите вратот. Коњска опашка или пунџа – се е исто, но дефинитивно ќе ви биде поудобно да ја кренете косата кога е многу жешко надвор.
Текстот Шест начини за трудниците како полесно да се справат со високите температури е превземен од МАКФАКС.