Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65.328 денари, што е нов удар по џебот на граѓаните, велат од СДСМ.
За само еден месец, според нив, основните трошоци за живот пораснале за 630 денари, а за три месеци растот е дури 2.637 денари.
СДСМ оценува дека најголем е порастот повторно кај храната и пијалоците.
„На едно четиричлено семејство во јули му се потребни 23.682 денари за да купи храна. Пеколни податоци ресгистираше и статистиката на почеток на месецот. Годишната инфлација е зголемена на 4,5 %. Овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска економска политика. Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска а куповната моќ на граѓаните е срушена“.
Ова, според СДСМ, е показател за целисниот дебакл на економските политики на Владата.
„Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните од ден во ден стануваат се посиромашни. Не само што немаат план како да се справат со растечката инфлација, туку упорно не прифаќаат ниту еден предлог што го понуди СДСМ за намалаување на цените и зголемување на платите. Потребни се конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и итно покачичување на платите на работниците. Но оваа влада си мисли на на себе и на сопствените потреби со што ја загрозува економската сигурност на секое семејство во земјава./ Макфакс