Дејвид Бекам повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат поради несреќен случај при потсрижување, што се случи во неговата бања. Додека се обидуваше сам да си ја потстриже косата со машинка, поранешниот фудбалер случајно остана малку ќелав.

Бекам, кој неодамна наполни 50 години, реши да му се врати на стилот на избричена коса што го имаше на почетокот на 2000-тите. Но, за време на потсрижувањето, додатокот паднал од машинката, што резултира со ненадејно отстранување прамен коса и оставајќи нерамномерен изглед што не може лесно да се поправи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Видео од целата ситуација сподели неговата сопруга Викторија Бекам на својот инстаграм-профил со коментар: „Не изгледа добро… Секогаш ќе бидам искрена со вас – изгледа ужасно“.

Бекам е познат по разните фризури што ги менуваше во текот на годините, а избричена глава е една од неговите најпрепознатливи.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Бекам случајно остана малку ќелав, Викторија му порача: Изгледаш ужасно е превземен од МАКФАКС.