И додека неговата поранешна љубов Ана Ивановиќ ужива во шармот на Лондон, Бастијан Швајнштајгер разменува нежности со својата нова партнерка во Грција.
Тоа е Силва Капитанов, со која е поврзан долго време. Без двоумење и сочувство кон луѓето околу него, поранешниот германски фудбалер ја прегрна и ја бакна својата сакана, а фотографиите стигнаа до интернет со брзина на светлината.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) July 20, 2025
Светските медиуми објавуваат дека Ана и Силва се познаваат, а неодамна се сретнале и лице в лице.
Двете, според медиумите, се појавиле пред престижно меѓународно училиште на Мајорка.
Во ова училиште одат децата на бројни познати личности, меѓу кои и на Ана и Бастијан, но и, наводно, на Силва.
Силва е мајка на две деца и е позната и како поранешна инфлуенсерка која промовираше фитнес програма за жени по породувањето.
Фото: принтскрин
Текстот Швајнштајгер има нова девојка, а странските фотографи го фатија во љубовен занес е превземен од МАКФАКС.