Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар извршија акциска контрола во угостителски објекти во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат.

Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 и 236 став 1 од КЗ на РСМ, а беа приведени и други девет лица од кои шестмина малолетници.

Покрај ова евидентирани беа прекршувања по основ на Закон за лична карта, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за возила и Закон за оружје.

Инаку во рамки на акциската контрола извршени се 26 проверки на идентитети, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на патнички моторни возила, а седум возила беа подигнати со „Пајак“.

Дополнително и од страна на Единицата за недозволена трговија беа преземени оперативни активности така што две лица беа приведени заради утврдување на идентитет, 22 лица беа легитимирани, а исто така извршен е преглед кај 19 лица и осум патнички моторни возила./Макфас

Текстот Акциска контрола на СВР Скопје, лишени од слобода 11 лица, од кои шест малолетници е превземен од МАКФАКС.